Мал дел од навивачките групи од екипите МЗТ Скопје и Кожув го збогатија првиот ден од кошаркарскиот спектакл во Охрид.

„Фемили“ и „Фантоми“ уште еднаш покажаа дека љубовта кон клубот не познава никакви граници и е чиста како солза. Покрај проблемите кои ги имаше по патиштата на Македонија тие собраа сили и храброст да дојдат и да ги бодат своите миленици.

За среќа нивните екипи во 1/4 финалето забележаа победи, но во полуфиналната пресметка едни од навивачите ќе мора да си одат дома со наведнати глави.

Мх.П.