Паузата во националниот шампион поради обврските на репрезентацијата, екипите на Охрид и Еурофарм Работник ја искористија да одиграат контролен меч во Спортската сала „Билјанини Извори“. „Фармацевтите“ славеа со 29-25.
Екипите настапија со комбиниран состав и редуцирана минутажа на поважните играчи, а подобро во една таква ситуација се снајде гостинот од Битола.
Овој дуел беше четврти помеѓу Охрид и Еурофарм Работник и четврти пат слават битолчани. Петтата пресметка ќе биде во 1/4 финалната група во Купот на Македонија.
OhridNews