Најпознатиот аптекарски бренд во регионот, „Виа Фарм“, од вчера е побогат за уште една аптека.

Новата аптека на „Виа Фарм“ е лоцирана во „Dua Mall“ во Струга на приземје и изобилува со исклучителна понуда. Покрај извонредната снабденост со лекови, застапени се и познати брендови за нега на здравјето и разубавување.

На отворањето на новата аптека, бесплатен „make up“ перформанс имаше познатата „Makeup INA“, а најмладите се забавуваа со мечето „Мусти”, на брендот „Mustela“. Промоција имаше брендот за козметика „Embryolisse“, а за посетителите имаше многу подароци и изненадувања.

По повод отворањето, во новата аптека на „Виа Фарм“ во „Dua Mall“ Струга актуелни се атрактивни попусти на повеќе брендирани производи.

Аптеките на „Виа Фарм“ кои се синоним за квалитетна услуга, можат да се најдат во сите поголеми населени места во регионот.

OhridNews