Триумфот на македонскиот претставник Даниел Кајмакоски на првото регионално музичко шоу X Factor е топ тема во медиумите на Балканот денеска. Даниел сосема заслужено ја однесе победата во суперфиналето по двобојот со Тамара Милановиќ, откако претходно од конкуренција испаднаа Доктори, Маид Хаќимовиќ и Лукијан Ивановиќ.
„Почестен сум што публиката ме избра за победник во вака големо шоу. Не знам што да кажам, многу сум возбуден, беше величествено, ги видов и моите родители и не можам со зборови да опишам колку сум среќен што се горди на мене, како и сите кои ме поддржуваа во изминатите месеци. Ова е најубавата ноќ во мојата кариера. Ви благодарам од срце!“– изјави на прес конференцијата по финалето видно возбудениот Даниел.
Како што веќе информиравме, Даниел како победник доби можност да сними албум за City records и “Sony music”, два видео спота, PR поддршка од продукцијата на шоуто и TV “Pink”, како и автомобилl Mini Coooper Coupe и парична награда од Master Card во износ од 10.000 евра.
Сите финалисти, во април, ќе тргнат на голема турнеа во регионот.
OhridNews