Првата голема забава во италијански ресторан „Еско’бар“ во Струга се одржа синоќа по повод „Halloween“.

На отворањето настапи Dj Face, а за бројните креативни маски се погрижија од „Mila O Makeup“.

Италијанскиот ресторан „Еско’бар“ е “лоциран на кејот на Црн Дрим. Погоден е за организирање разни видови журки и прватни забави. Ентериерот е внимателно уреден со многу детали со симболика, како што се скулптури на Посејдон, кои се поврзуваат со реката Дрим. Подот го краси цветен мозаик во комбинација дрво со натурализам и кочија од 17-от век донесена од Виена, Австрија

Рестранот „Еско’бар“ располага со најмодерна пица фурна која достигнува до 500 степени Целзиусови и уникатен кафемат, произведени во Неапол, Италија.

Италијански ресторан „Еско’бар“ е нова гурманска приказна што ќе ја збогати туристичката понуда на Струга.

Фото галерија:

„Еско’бар“ нова гурманска приказна на ривиерата

Г.М.
Фото: А. Момироска