Поранешниот ракометар на Зомимак, Игор Милосавлевиќ најверојатно ќе биде новото засилување на охридскиот ракометен состав. Тој го одработи првиот тренинг со екипата и останува уште да се финилизира договорот со управата на клубот.
– Голема е можноста да го засилам охридскиот ракометен клуб. Се надевам дека ќе бидам од голема помош за екипата, за тренерот и играчите. Три пати имам играно против Охрид и три пати било пред преполна сала – рече Милосавлевиќ.
Токму тој заедно со уште неколку ракометари беа главните виновнци за блесокот на Зомимак во елитниот ракометен крем во нашата држава.
Мх.П.