По повод Светскиот ден на животната средина, екипи на јавното комунално претпријатие, на општината и екологистите од ЕД „Грашница“ денеска спроведаоа акција за чистење на плажите од вливот на реката Грашница до основното училиште во Даљан. На акцијата и се приклучија и учениците од подрачното училиште „Св. Климент Охридски“. За неколку часа беа собрани големи количини најразличен цврст отпад, градежен шут и покуќнина. За жал и овој пат изостана масовноста, но учесниците во акцијата се надеваат дека граѓаните ќе ја сфатат симболиката на Светскиот ден на животната средина и ќе почнат повеќе да се грижат за природата.


Екологистите ги светнаа плажите од Грашница до Даљан

Ohridnews