Кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман не ја заборава земјата во која е роден и со македонско знаме на обувките ќе настапи во мечот на „ѕвездите во подем“, кој е во склоп на Ол стар викендот што ќе се одржи во Шарлот.
Охриѓанецот кој е дел од тимот составен од светските ѕвезди на теренот во Шарлот ќе истрча со специјално изработени патики кои ги обелодени на социјалните мрежи. Џеди Осман на едната обувка го има македонското знаме, а на другата турското знаме чии бои ги брани во националниот дрес.
23-годишниот кошаркар речиси секое слободно време го користи да го посети родниот град Охрид и да се дружи со своите најблиски и другарите од детството. Осман пред да се пресели во Кливленд ексклузивно за Ohrid News ги откри моментите околу потпишување на договорот и остварување на соништата.
OhridNews