Ова лето Охрид осетно е почист од други години, гласно коментираат туристите. Редовно се подига и отпадот од плажите каде концесионерите имаат склучено договор со јавното комунало претпријатие, како и од туристичките населби. Но, се уште „Комуналец“ мака мачи со застарениот возен парк. Така отпадот од крајбрежјето се собира со трактор кој е многу бавен, така што се случува позади натоварената машина да се создаде колона од автомобили, како што беше случај деновиве. Сепак хигиената е поважна.


Колона автомобили позади тракторот

OhridNews