Охрид овој  ноември се капе во сонце, а од одблесокот од мирното  езеро се добива впечаток дека градот го греат две сонца. Во прекрасната есенска идила покрај охриѓани уживаат и мал број туристи, во главно посетители на некој од бројните конгреси и семинари кои деновиве се одржуваат на ривиерата. Поголема посетеност се очекува за време на новогодишните и Божикните празници, кои во изминатите неколку години во Охрид привлекуваат и по неколку илјади гости од земјата и регионот.


Охрид е прекрасен и во ноември

фото: Васко Бујароски