Во присуство на бројни долгогодишни клиенти и соработници, во преубав амбиент исполнет со многу изненадувања, студиото за убавина „Касталија“, вчеравечер, ја одбележа јубилејната 20 годишнина од постоењето во култната „Куба Либре“.

Со исклучителен квалитет, професионални и иновативни услуги за разубавување и грижа за своите ценети клиенти, изминатите 20 години „Касталија“ се етаблира во еден од водечките салони за убавина во Охридскиот регион.

Tимот на „Касталија“ го сочинуваат три прекрасни, позитивни и професионални дами: Дијана Матеска, Анита Донеска и Николина Јосифоска Чашитовска. Тие успешно функционираат од самите почетоци до денес, градејќи ја и одржувајќи ја довербата кај клиентите.

Преку посветеност, високи стандарди, напорна работа и непоколеблива посветеност на квалитетот и задоволството на нашите клиенти продолжуваме да создаваме бренд кој, како и до сега, ќе асоцира на позитивно и пријатно искуство во светот на убавината, велат сопственичките на „Касталија“.

Доказ за тоа што овие дами го работат 20 години со максимална посветеност, се задоволните клинети кои долги години ги користат услугите на студиото „Касталија“.

  • Прекрасен амбиент, врвна услуга. Место каде секогаш ќе бидете топло пречекани и задоволни ќе си отидете. Мојата убавина е во Ваши раце. Најдобри, вели Милица.
  • Да ви се множат годините и многу успешни јубилеји и поголеми пријателства Ви посакувам. Фала ви за вашата професионалност и за тоа што стареам подмладено. Би сакала да бидам ваш клинет барем до 70 години, вели Јасмина.
  • Од далечната 2006 година сум верен клиент и дел од овој успех. Нема да се навраќам многу, но, само ќе ве потсетам дека од еден најлош клинет кој никој не би го посакал станав дел од „Касталија“, верен клиент и добра пријателка. Се радувам на секој Ваш успех. Со полна доверба за квалитет кој никогаш не се промени, уредност и со најубавата насмевка подарена од трите дами, останав и сум дел од „Касталија“, вели Ристана.
  • Другарки, докторки ама професионалки. Зарем тоа не е се што еден човек може да си посака. Благодарам што ве пронајдов и ве имам во моето секојдневие. Ви посакувам уште повеќе успеси, вели Дијана.
  • Студио кое нуди професионални услуги и во кое секогаш се чувствувам добредојдена, среќна и задоволна од мојот изглед. Салон кој топло Ви го препорачувам, вели Билјана.

Во студиото за убавина „Касталија“ клиентите може да изберат од бројните масажи кои се нудат како што се релакс арома терапија, масажа со путер од мед и млеко, тактилна масажа, парцијална масажа, анти-целулитна масажа, масажа со топло чоколадо, масажа на стапала и масажа на лице.

За надополнување на убавиот изглед тука може да се најдат и услугите за маникир, педикир, надградба на нокти, топла и ладна депилација, третмани на лице, наградба на трепки, како и солариум.

Студиото за убавина „Касталија“ е лоцирано на улица „Даме Груев“ бр. 13 (во близина на старото кино).

За да изгледате беспрекорно убави и задоволни, закажете си термин на телефонските броеви 075/467-602 и 046/258-887

Следете гo и профилот на Инстаграм и редовно информирајте се за понудата и новитетите на студиото за убавина „Касталија“.

Фото галерија:

Студиото за убавина „Касталија“ одбележа две децении успешна работа

OhridNews/PR
Фото: Бобан Стојаноски