Со голот на Марко Кобетиќ во последните мигови од натпреварот ракометарите на Охрид извлекоа реми 23-23 (11-9) против Пелистер во тест средбата која ја одиграа во „Билјанини Извори“.

Кога се ќе се сумира на крајот нерешениот исход беше најреален, откако двете екипи одиграа по едно добро полувреме.


„Гладијаторите“ го добија првиот дел завршувајќи со плус два позитива (11-9). Во второто полувреме битолските „зелено бели“ ја анулираа предноста и мечот влезе во резултатски егал.


Пелистер во последниот напад реализираше удар од седум метри преку Вешоски, а Кобетиќ на секунда од крајот на мечот го постави конечниот резултат.


Кобетиќ го понесе и епитетот најпрецизен играч со осум погодоци. По четири реализираа Адамовиќ и Јанев. Кај гостите од Битола со седум погодоци мечот го заврши бекот Николиќ.

Мх.П.