Поројните дождови што деновиве врнеа во Охрид ги наполнија дупките по улиците со вода. Возењето ни малку не е пријатно затоа што од водата дупките не се забележуваат. Уште потешко им е на пешаците бидејќи улиците или немаат тротоари или се узурпирани од возилата,а некои улици од дождот целосно се поплавени. Таков е случајот со дел од улицата „Мирче Ацев“, се жалат жителите. Тие ни испратија неколку фотографии на кои се забележува проблемот, со кој како што тие тврдат, се соочуваат со години. За проблемот тие ја известиле Локалната самоуправа и очекуваат таа конечно да им излезе во пресрет и да се санираат оштетувањата наулицата.
Жителите од „Мирче Ацев“ бараат решение за долгогодишниот проблем