Во натпревар со 12 голови фудбалерите на Охрид ја совладаа Воска (8-4) и ги прокнижија првите бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига.
Охридските бели констатно имаа водство и сосема заслужено славеа над градскиот ривал во дербито во третата рунда од првенството.
По три пати во листата на стрелци се запишаа Боге Бимбилоски и Мартин Нически, а по еднаш прецизни беа Силвин Јакупи и Меди Шенол.
Со трите бодови фудбалерите на Охрид се одлепија од опасната зона и се изедначија со тимот на Воска на табелата.
OhridNews