Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на македонскиот колега Ѓорге Иванов дека словенската писменост во Русија е дојдена од македонска земја, информира бугарски Блиц, пренесува „Макфакс“.
 
“Вие дојдовте во Русија во необичен ден и по необичен повод – за доделувањето на наградата на Фондацијата ” За единство на православните народи “.

Денес во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда “. Ова го изјавил рускиот претседател Владимир Путин на македонскиот колега Ѓорге Иванов при нивната средба во Кремљ, соопшти официјалниот сајт на шефот на Руската Федерација.

Изјавата на рускиот претседател е доста изненадувачка. Досега, според бугарскиот медиум, тој секогаш истакнувал дека Бугарија им ја дала на Русите азбуката.
 
Во 2015 година Владимир Путин изјави: “Ние имаме многу заеднички нешта со Бугарија. Блиски сме по род, јазик, култура, вредности, традиции. Ние сме им ја дале слобода, тие ни ја дадоа азбука”, вели бугарскиот Блиц.
 
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и рускиот лидер Владимир Путин разговараа за понатамошен развој на билатералните односи и разменија мислења за актуелни теми, првенствено за ситуацијата на Балканот.
 
Како што рековте симболиката на оваа посета е навистина голема: „Денес ние го славиме споменот на всеславенските просветители свети Кирил и Методиј, кои се наши духовни учители“, одговари Иванов.

OhridNews
извор: „Макфакс“