Во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, вечерва, беа доделени медалите на Светското кадетско првенство за кадети во женска конкуренција.
На првенството триумфираше Романија, која во финалето ја совлада Германија, а во борбата за третото место Данска беше поуспешна од Црна Гора.
На церемонијата на доделување на медалите присуствуваше градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој истакна дека оваа значајна спортска манифестација е од големо значење за градот, кој заедно со јавното претпријатие „Билјанини извори“ покажа дека е подготвен на високо ниво да организира големи натпреварувања, преку кои Охрид се промовира во светот.
-Ваквите големи спортски настани се и едена прилика градот да се промовира во светот, бидејќи медиумскиот интерес за настанот е голем, а истиот се емитуваше на повеќе телевизии низ Европа, што секако е една голема промоција за Охрид. Големи промотори ќе се и самите ракометарки и другите лица од репрезентациите кои се надеваме дека нашиот град го понесоа во најдобар спомен кој ќе го пренесат во нивните земји. Уште поголемо е задоволството што на трибините видовме дека се вееја знамиња на странски земји и публиката во салата беше составена најмногу од странци- изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
OhridNews