Публиката се насмеа до солзи на извонредното „Sex show“ во рамки на програмата од 6. издание на „Summer Comedy Marathon“.

Во култниот охридски клуб „Jazz Inn“, синоќа љубителите на хуморот уживаа во настапот на Никола Тодороски, Јован Цветкоски, Зоран Донев и Никола Братучед Сиљаноски.

Дека атмосферата беше и тоа како одлична говореа бројните насмеани лица кои беа дел од оваа незаборавно доживување, а и оценките за шоуто и изведбата беа високи десетки.

До крајот на ова издание на „Summer Comedy Marathon“ остануваат уште девет шоу, а програмата продолжува на 5-ти август со соло шоуто на Никола Тодороски.

„Sex show“ на „Summer comedy marathon“

 

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска