Ансамблите учесници на Балканскиoт фестивал на народни песни и игри“, вчера вечер продефилираа низ уличките во стариот дел на градот, по што на летната сцена Долни сарај следеше настап на играорците од „Традиција“ од Трстеник, Р. Србија и „Пирамида“ од Охрид.
Со настапот на ансамблите „Отекс“ од Охрид и ансамбл од Бугарија, вечерва од 20.30 часот на Долни Сарај, ќе биде спуштена завесата на 56-oт Балкански фестивал на народни песни и игри.
OhridNews