На последниот тренинг во 2015 година Дедо Мраз ги изненади најмалите членови во фудбалската школа Академија Пандев.
Дедо Мраз активно учествуваше на тренингот, а сите членови во Академијата ги награди со новогодишни пакетчиња.
Охридскиот огранок на Академијата од Горан Пандев зад себе има успешна година учествувајќи на турнири во и надвор од Македонија.
Методите на работа на тренинзите се преземени од големите клубови, онака како што и цели академијата.
Ohridnews