Натпреварот помеѓу Ференцварош – Јувентус од Лигата на Шампиони кој се одигра пред ограничен број на гледачи вечно ќе го памети охриѓанецот Марјан Кикески кој живее и твори во Унгарија. Тој на социјалните мрежи сподели интересна случка поврзана со Дејан Кулушевски, кој иако има македонско потекло одбра да го носи дресот на шведската фудбалска репрезентација.
Морам ова да го споделам затоа што многу големо задоволство ми направи Кулушевски. После завршување на натпреварот Кулушевски кој не влезе во игра со уште неколку фудбалери и членови на стручниот штаб тренираа на теренот. Тогаш, јас го извадив македонското знаме, Кулушевски веднаш го забележа, дојде кај мене и ми ги подари дресот. Ме направи многу среќен човек и немам зборови со кои можам да му се заблагодарам. – напиша Кикески на социјалните мрежи.
„Старата дама“ во дуелот со Ференцварош ја оправда фаворитската улога победувајќи со 4-1, а охриѓанецот Кикески имаше можност во живо да ги види мајсториите на Кристијано Роналдо, Алваро Мората, Пабло Дибала и останатите фудбалери од италијанскиот шампион.
Мх.П.