Советот на општина Охрид никако да го усогласи тајмингот на одржување на седниците. Доцнење имаше и на продолжението на шестата седница што се одржа вчера. Иако седницата беше закажана во 10 часот таа започна со доцнење од 45 минути. Во терминот закажан за седницата во салата и холот на општината имаше повеќе новинари отколку советници. Претседателот на Советот Душко Јаковчески се извини за доцнењето на седницата и изрази надеж дека тоа ќе биде за последен пат.


Каде се колегите?

Ohridnews