Љубителите на црниот хумор уживаа во шоуто во култниот охридски клуб „Jazz Inn“, што се одржа синоќа во рамки на 6. издание на „Summer Comedy Marathon“.
Публиката уживаше во настапот на Никола Тодороски, Јован Цветкоски, Зоран Донев, Никола Братучед Сиљаноски, Мирослав Петковиќ кои приредија извонредно шоу со жестоки шеги и хумор кој ги преминува границите на обичното во секој поглед.
„Summer Comedy Marathon“ трае до 13 август кога на Долни сарај ќе се случи големото шоу на „2 mothers brothers“ кои подготвуваат специјален материјал со што ќе одбележат 10 години на сцената.
Г.М.
Фото: А. Момироска