По повод денот на жената – 8 Март, а под мотото „Жените возат одговорно“, денеска, припадниците на сообраќајната полиција од подрачјето на СВР Охрид, спроведоа едукативна кампања во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
На жените учеснички во сообраќајот тие им подаруваа цвеќе, едукативни флаери, миризливи освежувачи за автомобил и маски за лице.
Акцијата беше реализирана во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оделенијата за превенција, информира СВР Охрид.
OhridNews