Министерството за внатрешни работи Mеѓународниот ден на трудот, 1 Mај, го мина работно во СВР Охрид. Тој ги посети полициските службеници кои се распоредени на неколку пунктови во градот и полициските службеници кои се задолжени за обезбедување на објектот наменет за сместување на лица во државен карантин „Дрим – Струга“.
Тие со својот труд и со својата посветеност покажаа исклучително високо ниво на одговорност и професионализам и во целиот изминат период застанаа на првата линија, успешно превенирајќи го понатмошното ширење на коронавирусот во нашата држава. – рече Чулев.
До сега на територијата на СВР Охрид констатирани се вкупно 168 непочитувања на ограничувањето на движење, најголемиот дел се лица на возраст од 18-67 години. Поднесени се вкупно 84 кривични пријави за 104 сторители, информира министерот за внатрешни работи.
Оваа бројка покажува дека граѓаните на општините кои ги покрива Секторот за внатрешни работи од Охрид се одговорни, генерално ги почитуваат мерките за ограничување на движењето и се свесни за ризикот во кој сите се наоѓаме. Во оваа прилика сакам да упатам искрена благодарност до сите нив за високото ниво на почитување на одлуките на владата и почитувањето кон полициските службеници. – истакна чулев при работната посета на СВР Охрид.
OhridNews