Охридските кошаркари во втората рунда од пролетната полусезона во Втората лига ги очекува тешко гостување во Битола против тимот на Пелистер.


Стопроцетниот ефект на „зелено белите“ на домашен терен е мотив повеќе за „галебите“, но и за претпазливост пред дерби средбата која ќе се одигра в сабота.



– Не очекува тешко гостување каде што мора да ги освоиме бодовите ако сакаме да обезбедиме пласман во Првата лига. Домаќините нема да играат со притисок наспроти нас кои бркаме пласман во елитата. Очекувам тврд и неизвесен натпревар, а ние од самиот почеток ќе ја наметниме нашата агресивна игра. – рече охридскиот стратег Петар Чочороски.



Тој на тренинзите со совети до пулените ги местеше коцките за победа во Битола која, доколку се оствари,  ќе биде 11-та во серија во Втората лига.

Мх.П.