Триесеттина членови на здружението “ Христо Узунов” денес пешачејќи пристигнаа во Крушево и присуствуваат на централната свеченост, а воедно се дел и од манифестацијата “ Десет дена крушевска Република” .


“ Со овој марш сакаме да ја поткренеме патриотската свест, да го претставиме градот Охрид и удостоиме одбележувањето на годишнината од Илинденското востание во 1903 година” , рече претседателот на здружението “ Христо Узунов” , Никола Шишкоски пред заминувањето.


Членовите на Христо Узунов за Крушево тргнаа на 29- ти јули, во три часот утрото и пеш поминаа низ Куратица, Дебрца, Илинскиот крај и Брезово.


Годинава, маршот има меѓународен карактер. На членовите од „Христо Узунов“ им се приклучија и членови на македонските друштва „Илинден“ од Тирана- Албанија и „Тоше Проески“ од Качарево кај Панчево- Србија. 


Членовите на “ Христо Узунов” пеш стигнаа до Крушево

OhridNews
фото: Емилио