Во присуство на претставници од туристичкиот сектор, медиумите и голем број гости, денеска точно на пладне, свечено беше пуштен во употреба новиот убавец на Охридското Езеро, луксузниот брод „Армада“.

За одличната атмосфера на отварањето на бродот „Армада“ се погрижија кабарето „2MotherBrothers“ и музичките уметници Јован Куциноски и Даниел Јовески.

Станува збор за брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи.

Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни забави од типот на свадби, родендени, корпоративни забави и слично.

Во предновогодишниот период секој ден на бродот „Армада“ ќе се организираат празнични забави со крстарење, музика во живо, закуска и неограничен пијалак.

OhridNews