Бостанот е вистинско освежување на летните горештини. И годинава во Охрид него го има на секое ќоше. Голем број продавачи на бостан со години доаѓаат на исти локации. Некои од нив толку се спријателиле со мештаните, што немаат намера да го променат местото на продажба. Еден таков сретнавме до црквата Св. Ѓорѓија. Вели дека секоја година е тука и одлично се познава со локалните жители. Не ни откри дали за пријатели бостанот е поевтин, ама го пофали дека е квалитет прва класа.


 Бостанот оди како алва

фото: Мирко Постоловски