Страотна била сликата веднаш по потонувањето на бродот „Илинден“. Меѓу 53-цата бугарски туристи кои биле на бродот имало голем број непливачи. Веднаш по несреќата на помош пристигнале еден глисер и бродовите „Александрија“ и „Кристина“. Глетката била страотна, патниците се бореле за живот обидувајќи се да се дофатат за малкуте елеци за спaсување. Од бродовите веднаш им биле дофрлени гуми и елеци за спасување, а екипажите  скокнале во вода да помогнат во спасувањето. Да не била нивната навремена помош катастрофата ќе беше многу поголема.


Борба за живот

Ohridnews