Екипата на Пелистер, охридскиот стратег Драган Бочевски и Бразилецот Стенио Жуниор се најдоа на насловната страна на интернет страница на УЕФА.


Одличните резултати, бразилскиот шмек и илјадната публика која е неизбежен декор на натпреварите кои Пелистер ги игра на домашен терен беа „мамка“ за УЕФА да направи сторија.


Бразилскиот интернационалец говори за можностите на Пелистер сезонав, а тој потенцираше дека клубот е подготвен да направи одлични резултати во домашното првенство, а потоа во Европа.


Охриѓанецот на клупата од Пелистер, Бочевски додава дека со враќањето во клубот ги оживеа фудбалските спомени стари 25 години.

Мх.П.