Фудбалските тренери од Охрид и дечињата кои членуваат во екипите, активно учествуваа на вториот ден од семинарот организиран од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС) во соработка со фудбалската агенција „Coerver“ за тренери во млади категории.

Под палка на тренерите кои имаат највисоки лиценци за работа по програмата на „Фудбалскиот Ајштајн“ како што го нарекуваат основачот на цел овој проект Вил Кервер одработија два тренинзи.

Тренинзите на агенцијата која функционира веќе 33 години во 45 земји помеѓу кои е и Македонија се одвиваа на „главниот“ терен на Атина Бојаџи. Низ игра и забава на дечињата и на тренерите им беа презентирани разни модели на тренинзи со топка кои се препознатливи за агенцијата.

Семинарот на фудбалска агенција која има признание од ФИФА за број еден во светот започна вчера, а ќе заврши утре со предавање на локалните тренери односно презентација на тренинзите кои ги практикуваат во фудбалските школи.

Мх.П.