Викендов на Охридското Езеро се одржува Меѓународна едриличарска регата, на која учествуваат 48 натпреварувачи.
Учесниците овие два дена се натпреваруваат во седум трки на регатното поле Охридски Залив од плажата Горица накај Канео, градско пристаниште. На регатното поле се Ј.К Палич од Србија, Ј.К Панонија 1975 од Бела Црква, Србија, Ц.С.Ј.Ц од Софија Бугарија, Е.К Снегар – Струга и Акватика Јахтинг – Охрид, вели Стефан Ставрев од едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг“.
Натпреварувачите едрат во класите „Оптимист“, „Ласер 4.7“ и класата 470. Планирано е утре во 17 часот да биде завршниот дел со прогласување на победниците, додава Ставрев.
Меѓународната ериличарска регата е во организација на клубот Акватика Јахтинг-Охрид, под покровителство на Едриличарска федерација на Македонија и Општина Охрид.
Н.С.Ј.