Дваесеттина едрилици од Охрид и други градови во земјата зедоа учество на ревијалното едрење, по повод Денот на Охридското Езеро, 21 јуни.
Поради здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид 19, оваа година не се одржа традиционалната едриличарска регата по повод Денот на Охридското Езеро, кој, овојпат, го одбележуваме со ревијално едрење. – вели Будимир Соколовиќ, едриличар и вљубеник во езерото.
Денот на Охридското Езеро традиционално го одбележуваа и општините Охрид, Струга и Поградец, но поради актуелната ситуација оваа година ќе изостане организирано одбележување на настанот.
Охридското е најголемо и најзначајно природно езеро во земјата. Поради исклучителниот жив свет и бројните ендемски видови, од 1979 година тоа е под заштита на УНЕСКО како светско природно наследство. Четириесет и една година подоцна, поради негрижа Охридското Езето е под закана да биде ставено на листата на загрозени подрачја, штом ја натера државата да преземе мерки за зачувување на унуверзалните вредности на оваа природна реткост.
Г.М.