Италијанската фудбалска репрезентација го почувствува тревникот на национална арена „Филип Втори“, каде против Македонија в недела со почеток (20:45ч) ќе одиграат квалификациски натпревар за пласман на Мундијалот во Русија за две години.


Четирикратниот светски шампион силите со „црвено жолтите“ ќе ги одмери без Грацијано Пеле кој остранет е од селекцијата поради нарушувањето на кодексот и Џорџо Киелини кој пак се повреди на последниот тренинг пред доаѓањето во Скопје.


По два одиграни мечеви во Г групата, Италија има четири бодови и се наоѓа на третата позиција додека Македонија без бодови со два порази е петтопласирана.

OhridNews