Вработените во општината и другите јавни институции во градот, утрово се приклучија на националната акција „Не биди ѓубре“ и го исчистија крајбрежјето на Охридското Езеро од Горица до Елешец. Акцијата има за цел подигање на свеста за почиста околина. Во акцијата учествуваше и градоначалникот Константин Георгиески.
Денешниот ден со одлука на Владата е прогласен за работен, со кој се одработува 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.
OhridNews