Екипите на АСП Пак и Златара Бени и Ерол ќе ги одмерат силите во финалето на првото издание на Празничниот турнир во мал фудбал „Охрид 2020“.
АСП Пак во полуфиналето со 5-1 го совлада тимот на Хера Турс Сливница, додека составот на Златара Бени и Ерол подобар беше од Авенуе со 5-3.
Натпреварот за третото место и финалето се играт в недела. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 220 000 денари.
OhridNews