Екипата на АСП Пак триумфираше на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2016“ откако во финалето го совлада тимот на Кадмо со 5-3 (4-4) по изведувањето на пеналите.
Со триумфот во големото финале екипата на АСП Пак го одбрани трофејот на турнирот во Лескоец освоен минатата година исто со победата над Кадмо.
Во малото финале кое беше вовед за спектакуларното финале Мистер И со 5-4 го совлада составот на Бел Мерцедес и го освои третото место.
Наградата за најдобар играч му припадна на Валентин Кочоски (АСП Пак), „златната ракавица“ замина кај Никола Чипаноски (АСП Пак), а со 15 голови најдобар стрелец беше Борче Китрозоски (Бел Мерцедес).
Победникот на турнирот, АСП Пак освои парична награда во износ од 80 000 денари, а вкупниот награден фонд годинава достигна 150 000 денари.
Фото: Емилио
OhridNews