Екипите на АСП Пак и Еуро Стил ќе се сретнат во големото финале на осмиот меморијален турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“.
Во полуфиналните пресметки АСП Пак со 5-3 го совлада тимот на Кристи и Вивс Трејд, додека Еуро Стил славеше со 2-0 над екипата на Пупе Компани.
Финалните натпревари на меморијалот „Лескоец 2018“ ќе се одиграат в недела со почеток во 20 часот и 30 минути.
Фото-галерија:
Полуфиналните натпревари најавија возбудлива финална разврска на меморијалниот турнир.
Мх.П.