Гласините за заминување на Тео Волкот од Арсенал добија нова димензија откако на официјалниот календар од клубот за 2013 година го нема англискиот репрезентативец. Место има за Подолоски, Чемберлејн, Артета, Вермален и Вилшер, но не и за Волкот и Сања кои сеуште се двоумат за нов договор со лондонскиот гигант.

На ваквиот потег на Арсенал брзоногиот фудбалер им возврати со погодок во ремито со Евертон 1-1 на Гудисон Парк.

Мх.П.