Спортската арена „Билјанини Извори“ е подготвена за кошаркарскиот Куп на Македонија, кој ќе се одржи во Охрид од шест до деветти февруари.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ заедно со Кошаркарската федерација на Македонија една недела ја „шминкаа“ салата за таа да блесна со сиот свој сјај.

Има посебни места за навивачките групи каде нема столчиња, новинарите имаат посебно место, а љубителите на кошарката ќе можат целосно да уживаат на кошаркарите.

Турнирот почнува в четврток во 17:30 часот со натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Струмица, а првиот ден ќе се заокружи со дуелот Кожув – Фени Индустри (20:30ч).

Мх.П.