Пливачите Јана Милкоска и Стефан Цветкоски се севкупни победни на 39-то издание на Илиндескиот пливачки маратон кој традиоционално се одржува на 2 август. Делницата од Хотелот Парк до градското пристаниште долга 2.5 километри Милкоска ја мина со време 33 минути и 35 секунди, додека Цветкоски за 34 минути и 17 секунди.
Во возрасната категорија над 16 години постари триумфираа Симеон Кралевски (39.54) односно Ена Елена Спасовска (40.02).
- Ова ми е прво учество на овој маратон и многу сум среќна што успеав да го заокружам со победа. Разликата на водата помеѓу базен и Охридското езеро е голема и затоа ми беше многу тешко. Ветувам дека многу ќе тренирам и еден ден ќе се појавам на големиот маратон. – изјави Ена Елена Спасовска.
Победникот во машката возрасна категорија Кралевски изјави дека (ќе) се реактивира во пливањето и ова ќе биде мотив повеќе. – Се пријавив како рекреативец, бидејќи не сум активен во пливањето. Кога пристигнав на целта и кога луѓето почнаа да ми честитаат се изненадив. Оваа моја победа можеби ќе ме предомисли да почнам повторно да се активирам.
Првиот маратон помеѓу охриѓани популарен како „мал маратон“ е одржан 1954 година, а Пливачкиот клуб Охридски Бранови 2008 години наназад ја негува традицијата.
Резултати:
Над 16 години:
Машки
- Симеон Кралевски (39.54)
- Кире Галев (41.55)
- Сандер Кристофер (1.18.43)
Женски
- Ена Елена Спасовска (40.02)
- Симона Бошковски (42.12)
- Марина Садикоска (54.05)
Под 16 години:
Машки
- Стефан Цветкоски (34.17)
- Михаил Тримчески (39.04)
- Димитар Бошњаков (39.27)
Женски
- Јана Милкоска (33.35)
- Ивана Неделкоска (35.50)
- Софија Јанева (38.34)
Најмлад учесник Василиј Топалоски роден 2008 година.
OhridNews