Да се стави ред во такси сообрааќајот во Охрид се чини е невозможна мисија, барем за надлежните. Освен затегнувањето од време на време, во оваа област во голем дел владее хаос. Најмногу штета од тоа трпат граѓаните и туристите, но и сериозните компании кои за жал се ставени во ист кош со останатите. Иако во градот има обележани такси зони, дел од таксистите застануваат каде ќе стигнат. Па дури и на сред крстосница. Еден таков пример уловивме деновиве на крстосницата кај гимназијата. Таксист запре буквално на сред улица, застанувајќи го извесно време сообраќајот во еден правец за да качи патници. Доаѓа лето, а ако вака се однесуваме и тогаш тешко и на охриѓани и на туристите.


патници се качуваат сред крстосница

Ohridnews