Со триумф на Александар Илиевски во машка и на Ева Петровска во женска конкуренција заврши првото издание на Купот во далечинско пливање на патеката долга 2.5 километри од Хотелот Горица до Хотелот Ројал, која го носи името на дојаенот во македонското пливање Александар Леко Радиќ.

Времето ги послужи 40-те пливачи, кои, беа поделени во шест возрасни категории. Единствено македонскиот маратонски пливач Илиевски се одлепи и финишираше прв без големи проблеми, додека другите водеа жестока битка за што подобра позиција до самиот крај на трката.

Резултати:

Категорија до 14 години машка конкуренција:

  1. Андреј Стојаноски
  2. Сергеј Пејкоски
  3. Коста Серафомиски

Категорија до 14 години женска конкуренција:

  1. Ева Петровска
  2. Миа Еминова Блажевска
  3. Калина Стојановска

Категорија од 15 и 16 години машка конкуренција:

  1. Андреј Стојаноски
  2. Божидар Мирчевски
  3. Сергеј Пејковски

Категорија од 15 до 16 години женска конкуренција:

  1. Ева Петровска
  2. Миа Еминова Блажевска
  3. Јана Костадиновска

Категорија од 17 до 18 години машка конкуренција:

  1. Давор Петрески
  2. Андреј Стојаноски
  3. Иван Симоноски

Категорија од 17 до 18 години женска конкуренција:

  1. Ева Петровска
  2. Миа Еминова Блажевска
  3. Јана Костадиновска

Апсолутна категорија:

Машки победник: Александар Илиевски

Женски победник: Ева Петровска

OhridNews