Најсилната македонска селекција го одржа првиот тренинг на “СРЦ Атина Бојаџи“ во Охрид во рамките од подготовките за престојниот квалификациски меч против репрезентацијата на Ирска.


Одличните временски услови им овозможија на избраниците на селекторот Мирсад Јонуз, во релаксирана атмосфера да ги наполнат батериите и да што подобро да се подготват за мечот во сабота.



Првиот тренинг го пропуштија капитенот Горан Пандев, и офанзивниот Горан Попов кои дополнително ќе се приклучат на рерпрезентацијата.

М.П.