Студентите од Србија кои 4 месеци протестираат барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад каде при пад на бетонска настрешница од реновираната Железничка станица загинаа 15 лица, денеска одржаа мирен собир пред амбасадата на Македонија.

Наместо вообичаените 15 минути тишина кои ги симболизираат 15-те жртви во Нови Сад, тие денеска имаа 74 минутен молк со што им оддадоа почит и на настраданите во големата трагедија што пред два дена се случи во Кочани каде во пожар животите ги загубија 59 лица, во најголем дел млади.

Во Белград по главните булевари поставени се македонски знамиња, а пораки на поддршка се емитуваат на големи дисплеи поставени во трговски центри и деловни згради во српската престолнина.

Во знак на солидарност со Македонија, во Србија, Црна Гора, БиХ и Бугарија денеска е Ден на жалост.

Г.М.