Вчеравечер, култниот и единствен клуб кој промовира џез култура во регионални рамки повеќе од три децении, го прослави 35-от роденден.

Секогаш отворен за љубителите на џез културата, во изминатите три ипол децении, клубот силно пркоси на општествените и културолошки промени, притоа ставајќи се на пиедесталот како единствен џез клуб кој опстоил толку долго на Балканот.

Љубителите на џез и блуз музиката, уживаа во забавата која ја приреди клубот заедно со бендот “Witches Brew”.

Џез Ин е оформен во 1989-та година и непрекинато ја промовира џез културата. Низ годините клубот ги удостои светските признаени македонски и европски музичари како Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Фолтин, Кабадајас, а последната деценија претставува и клуб кој ја промовира стендап комеди културата.

Во годината во која клубот го прослави своето триесет и пет годишно постоење, беше домаќин на многу џез настани меѓу кои концертите на Пијан Славеј, Cobalt Code Unit, Next To Silence, Сашо Поповски Квартет, Никола Бочваров Квартет, како и на шестиот Summer Comedy Marathon.

Фото галерија:

OhridNews

фото. Илија Богданоски