Ова паметно парче мебел е изработено од архитектите дизајнери од компанијата “Daisuke Motogi Architecture”. Откако ќе видите што се можете да оставите во оваа фотеља сигурно ќе посакате и да ја имате. Запалки, клучеви, пари, се тоа се ситници кои често ни паѓаат од џебовите додека седиме удобно сместени на фотељите.
Оваа фотеља е впивач за такви ситници, но и покрупни предмети како книги, чаши и се што ќе ви падне на памет. Кога немате каде да ги оставите, го ставате предметот во отворот меѓу перничињата на фотељата и проблемот е решен. Единствениот потенцијален проблем е чистењето на истата за кое по се изгледа дека е невозможна мисија.