На првиот училишен ден под мотото „Денес донеси среќа“, Форумот на жени на СДСМ Охрид со пратеничката Жаклина Лазаревска го посетија Центарот за рана интервенција и третман на деца со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ во рамките на Општата болница во Охрид.

Целта на нашата посета беше да ги израдуваме децата кои го посетуваат овој центар со училишен прибор. Видовме одличен тим составен од професионалци предводен од Ангела Чингоска која е дипломирана Специјална едукаторка и рехабилитаторка која работи во центарот од почетокот на неговото отворање, велат од Форумот на жени на СДСМ Охрид.

Моментално центарот „Во мојот свет“ во Охрид го посетуваат 127 деца.

OhridNews