„Форум за животната средина на Националниот Парк Галичица“ во кој ќе членуваат експерти од областа на животната средина, НП Галичица и претставници на локалното население ќе биде формиран денеска.
Иницијативата е на Јавната Установа Национален парк „Галичица“ и CRIC (Регионален центар за интервентно планирање) од Република Италија и е дел од активностите на проектот „Прекуграничен Парк Преспа“.
Целта на овој проект како што информираат од Националниот парк е подобрување на комуникацијата на јавната установа со локалните заедици во границите на паркот. За постигнување на овој резултат планирано е формирање на „Форум за животната средина на Националниот Парк Галичица“, како механизам за дискусија и унапредување на соработката на паркот со локалните заедници по прашања за заштитата на природата и одржливиот развој.
ohridnews