Триесетина млади луѓе од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Романија, БиХ, Австрија и Велс, во Охрид минуваат низ обука(едукација) за џокери – луѓе кои се помеѓу публиката и театарот.
– Форум театарот е форма на едукација на млади прифатена од Обединетите нации како средство за развивање на свеста на луѓето. Оваа методологија на овие простори е нова, а идејата е таа да се прошири секаде низ нашата држава, како би можело да се допре до секого со цел да се помогне во развивање на чувството за заедништво.-ни изјави Горан Стојаноски, од Медиа Артес.
Учесниците на обуката денеска на повеќе локации во центарот на Охрид низ игра ќе ги претстават целите на Форум театарот, а главната презентација, ќе се одржи во 18 часот пред ресторанот „Белведере“.